речник контакт

,,Театар љубов моја,, премиерно во велешки театар

За Светскиот ден на театарот, 27 март, понеделник праизведба работена по текст на Валери Петров од Бугарија а во режија на Дејан Дамјановски

Петар Печков

Со премиерата на претставата ,,Театар љубов моја,, понеделник вечер, велешки театар ќе го одбележи Светскиот ден на театарот 27 март. Таа е работена по текст на бугарскиот автор Валери Петров во режија на Дејан Дамјановски,  драматург е Сашо Димоски.

Иако претставата изворно е пишувана и работена за две актерки, во велешки театар таа раскажува животни патишта на четири актерки.

Среќна сум што театарската кариера ја заокружувам со наменска претстава за театарот. Сиот мојот живот е љубовта кон театарот, и не` секој го има тоа задоволство. Јас нема да раскажувам за мојата ролја, туку ја поканувам публиката да тоа го погледне – рече Ивковска, која од есен оваа година  треба да замине во пензија.

Валери Петров е познат како преведувач на Шекспировите дела на бугарски јазик, автор на 30 книги и 20 сценарија за играни и анимирани филмови.    Режисерот најави дека ова е подарок од велешки театар за денот на  театарот, за неговите вљубеници.  

Преку играта на четирите актерки, ја разбираме суштината на театарот а тоа е игривоста, променливоста, во еден миг актерот се трансформира во леди Магбет, во Офелија, во Нора. Ова е претстава  која задира длабоко во театарската уметност и таа е доста комплекса – изјави Дамјановски.  

Претставата која е праизведба во  Македонија се игра на Мала сцена во велешки театар.  Во неа настапуваат: Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова.  Тие се четири актерки кои во гардероба чекаат да имаат проба. Учат текст, се присетуваат што се  им се случило на сцената.  

Текстот е голем предизвик, оти зборува за нас, за нашиот живот, за нашето време минато  во гардеробите. Таа е интересна и за нас самите, актерките, така што очекувам дека ќе биде уште повеќе за публиката -  изјави Панчиќ.  

Сценографијата во ,,Театар љубов моја,, е на Филип Коруновски, костимите на Раде Василев а музиката на Сашко Костов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »