речник контакт

Брако со инвестиција вредна 4 милиони евра

Таму ќе се вработат годинава завршени ученици од Коле Неделковски

Петар Печков

Во велешки ,,Брако,, во тек е инвестиција вредна  4 милиони евра. Со неа моментално се гради нова хала, а во која ќе се  постави нова опрема,  за најсовремени CNC компјутерски водени машини. Компанијата во ена планира да вработи 30-тина лица и сите завршени ученици  од средно училиште.

Во својата развојна  програма одиме чекор понатаму и градиме нов погон. За пошироката јавност таму ќе работат компјутерски водени машини. Нив ќе ги водат млади луѓе, кои се современо едуцирани и не се плашат од современа технологија. Затоа  воспоставивме соработка со Средното Училиште ,,Коле Неделковски,,   чиј кадар го поканивме на платена  пракса во летните месеци. Сите тие добиваат шанса да покажат дека знаат и умеат да работат по што најдобрите 35 ученици од пракса, ќе добијат можност да се вработат во новиот погон, кога тој ќе биде завршен – рече Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на БРАКО Велес.  

Тоа се завршени ученици од четврта година и Анѓушев најави дека соработката со ова училиште не сака да биде еднократна,само оваа година туку на подолги патеки.  Од 2003-та по преземањето на ,, Брако,, од страна на  сегашните сопственици оваа фирма постојано расте.

По 13 години таа е препознатлив  бренд од  извозната  метална индустрија од земјава.  ,,Брако,, 95 отсто од сопственото производство го извезува, во 21 држава, меѓу нив и Јапонија  и САД а  извозот постојано расте.   Компанијата има ќерка фабрика погон, во Панчево - Србија, каде произведува жичана програма,  со што е една од ретките  фирми инвеститори која  има   производен капацитет надвор до Македонија.

Вкупниот промет на ,,Брако,, е околу 27 милиони евра. Компанијата произведува  жичан програм, медицинска намешај, опрема за виљушкари, телекомуникациски антенски столбови и контејнери, како  и камиони  за вакуумско  чистење на улици.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »