речник контакт

Се судрија два мопеди томос, еден тешко повреден

Сообраќајката помеѓу АПН и аутоматик се случи во населба Градско

Петар Печков

Во сообраќајка на два мопеди  во населба Градско, марка ,,томос,, - ,,апн,, и ,,аутоматик,,  ,  двајца повредени еден потешко и е пренесен во ургентен во Скопје.  

Сообраќајката се случила на излезот од населбата во понеделникот попладне околу 18,30 ч.  Според мештаните таа се случила, близу бензинската пумпа на влезот во Градско, од правец на Прилеп, кога двете лица се враќале со нивните мопеди од полска работа и едниот од нив го удрил вториот, при влез на  пат со предимство. 

Во собораќајката учствувале две лица  кои управувале мопеди марка ,,томос,, без регистарски ознаки.  Биле управувани од  Н.Г. (50 год) и  Р.С. (48 год)  и двајцата од Градско. Несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Градско - Прилеп и општинскиот пат за Старо Градско - изјавија од СВР Велес.  

Двајцата повредени веднаш со возила на Итната помош од Велес, се пренесени во Општата Болница. Од таму информираа дека Р.С. поради тешките повреди на главата е префрлен на Неврологија во Скопје, а вториот пациент  е задржан на лекување во Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »