речник контакт

Црн спортски резултатски викенд

Одбојкарските екипи поразени во првите финални натпревари за титулата првак а ракометарките во полуфиналето од купот декласирани

Петар Печков


Вчерашната сабота беше неуспешна за велешките екипи кои играа значајни натпревари од завршницата во одбојката и ракометот.

Машката екипа на Борец Брако совладана е со максимални 3:0 во Тетово од Шкендија. Женската екипа на Форшпед загуби со 3:1 од екипата на Форца при гостувањето во Скопје. Ова беа натпревари од финалето од разигрувањето за одбојкарски првам на Македонија. В среда се играат реваншите, и двата меча се во Велес а се игра на три добиени натпревари.

Се играше и завршницата на ракометниот женски куп во Скопје, каде во полуфиналето Леов Бартек катастрофално загуби од скопски Металург со 38:13.

Затоа пак ракометарите на Борец во петокот ја победија екипата на Кавадарци со 43:36, што е прва по цели седум и пол месеци на домашен терен. Но и натаму тие се последни на табелата и ќе разигруваат за опстанок во  супер лигата. Затоа пак следната недела ќе играат во завршницата од купот во Битола, каде во полуфиналето се сретнуваат со домашниот Пелистер.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »