речник контакт

Изложба за Холокаустот на Сара Ајник во Велес

Таа се претставува со 30-тина фотографии ,,Јас, Ти и ОНИЕ"

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба   ,,Јас, Ти и ОНИЕ" за Холокаустот, на Сара Ајник, ликовен уметник од Израел. Таа се претставува со 30-тина дела, уметнички фотографии, кои се сопственост на  Центарот на Холокаустот на Евреите од Македонија. Оваа изложба прво е претставена во Букурешт Романија во 2008-та и потоа и во други земји до светот. Во Македонија била поставена во Скопје и Битола. За изложбата и насловот ,,Јас, Ти, Оние,, авторката рече.

Јас сум јас, ти си ти, додека Оние се жртвите на Холокаустот. Во сите  фотографии сум претставена јас, како дете, како жена како возрасна личност. Не сакав да ги допирам мртвите, документарните слики на жртвите од Холокаустот – рече Сара Ајник, која за оваа пригода допатува од родниот Тел Авив –Израел, каде живее. 

Нејзините родители ја почувствувале суровоста на нацизмот, фашизмот, антисемитизмот.  Ајник има изложувано во САД, Израел, Романија, Хрватска, Нигерија, Русија. На овој начин Велес е дел од одбележувањето на 71-та  годишнина од депортацијата на 7.144 евреи од Македонија, меѓу нив и четворица од Велес а сите завршиле во логорот на смртта Треблинка. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »