речник контакт

Маргарин за лиснати теста и кроасани, нов производ нa велешка Маслодајна

За негово пакување набавена е германска машина вредна 500 илјади евра. Маргаринот е усовршуван со германски технолози

Петар Печков

Велешка ,,Маслодајна,, започна  со производство на  маргарин за  лиснати теста и кроасани. Досега овој производ се увезуваше и немаше производител во Македонија.

Иако тој  е тесно наменски, сепак во земјава   има голем  пазар за него, оти има големи произведувачи на лиснати теста и кроасани. За да се заокружи целокупниот  процес, ,,Благој Ѓорев,, набави нова машина за пакување на маргарин за  лиснати теста и кроасани,  вредна   околу 500 илјади евра.  

Процесот на изработка и подготовка траеше половина година, се додека не започнавме со официјално производство од почетокот на месецов, во пакување потребно за  пекари  за квасни и бесквасни лиснати теста. Го испитувавме, го анализиравме    пазарот  во Македонија  и заклучивме дека е   потребен домашен  производител на ваков маргарин. Така дел од компаниите  ќе заштедат девизи,  можат да се  потпрат на домашен  изработувач  - велат од велешка Маслодајна.  

Досега овој производ  се увезуваше од Белгија, Италија, Грција, Романија, Србија.  Со пробно производство започнато е во есента  2016-та, за  во периодот што следи констатираат   што и колку можат.  

Пробавме  неколку пати, пробите од  прекарите  беа   позитивни, тие го потврдија квалитетот по што деновиве започнавме со  редовно производство за  продажба. Производството на маргаринот е во постојните капацитети, но за пакување е специфичен, поради што е набавена  новата машина вредна половина милион евра.   Производството е по германска  технологија  и   германска опрема. Со нивни консултации, со лица кои престојуваа тука, го  започнавме производството  и со нивни сугестии  и препорака е произведен овој маргарин –објаснуваат од  Маслодајна.    

Од производителот на  машината  за пакување дошле   германски технолози, специјализирани само за ваков маргарин. Еден  од  нив   бил  експерт за производство на  пекарски маргарини, кој 15 години работел само на  овој производ.  

Најпознатиот бренд на фабриката за масло ,,Благој  Ѓорев,, маргаринот за  домаќинствата ,,кристал,, освен на македонскиот пазар   дел од   производството     завршува на  пазарите во Косово, Албанија, БиХ, Црна Гора се прават  напори за влез и во Бугарија.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »