речник контакт

Арнаудова и Нокшиќи ги учат децата да читаат и сметаат

Познати лица од македонската сцена ги учат основците на математика и мајчин јазик

Петар Печков

Поп пеачката Кристина Арнаудова и актерката Амерникс Нокшиќи  ги учеа велешките основци да читаат и сметаат во рамките на карванот ,,Бројки и букви,,.  Тие двете работеа  со децата од две велешки основни училишта Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов Џинот, а претходно ги посетија и Блаже Конески и Лирија во Горно Јаболчиште 

Нивната посета беше во рамките на  проектот ,,Со читање до лидерство,,  на  меѓународна програма ,,Чекор по чекор,, финансиран од УСАИД. Во неа се вклучени познати  имиња од земјава кои во пракса на децата им ги покажуваат  овие знаења.

Целта е подобрување на математичките и јазични вештини на учениците од  почетните одделенија во основните училишта во земјава. Се работи на македонски и албански јазик. Сакаме да  ја потенцираме  важноста од математичката и јазичната писменост во развојот на децата. Проектот го промовираат и во пракса на децата им помагаат познати личности од македонската сцена, артисти, пејачи, спортисти. Тие овозможуваат повеќе радост и забава во наставниот процес  – изјави Ана Димовска  која работи во овој проект. 

Освен актерката Америс Нокшиќи и пеачката Кристина Аранаудова, овој месец февруари во него се вклучени и  актерите Игор Ангелов, Горазд Цветковски  а претходно учесници биле и Маја и Зоран Љутков, Зарије Јонузи и Фисник Зеќири. Овој проект се спроведува во 60 училишта во Македонија и ќе се спроведува во ноември 2015 година. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »