речник контакт

Оливер Ромевски добитник на наградата за животно дело во стрипот

Бугаринот Даниел Атанасов освои прво место на меѓународниот конкурс, меѓу 170 автори од цел свет. Mинистерката Канчевска Милевска најави поддршка догодина за издавање на познатите стрип јунаци

Петар Печков


Единаесетиот стрип салон кој се одржува традиционално во Велес и годинава ги собра  љубителите на оваа уметност, пред се од Балканот на едно место. На свеченото отворање, кое се случли петокто вечер  во Ликовниот  салон,   беа доделни признанијата и наградите.

На меѓународниот конкурс ,,Златен стрип,, меѓу 164 автори победи Бугаринот Даниел Атанасов,  за стрипот Бонзаи. На свеченото отварање  се додели овогодинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“ Оливер Ромевски. Тој е автор на стриповите: Ел Македонеро, Супер Тоше, Ловец на души,

Конечно ја добив вистинската сатисфакција, цел живот му го посветив на македонскиот стрип. Мојата инвестиција во стрипот не може материјално да се врати во Mакедонија, но токму  ваква награда  ми дава признание за вложениот труд. За разлика од нас во Франција Астерикс и Обеликс и носат повеќе пари отколку црната металургија на  Балканот  – изјави  стрип авторот Оливер Ромевски. 

Беше промовиран и стрип изданието на  книгата ,,Александар Македонски – лaвот  од Македон,, Марко Стојановиќ  автор од Лесковац Србија, Министерството за култура на Република Македонија и Фондацијата Институт отворено општество Македонија  добија специјално признание за за исклучителна  помош и соработка дадена на македонскиот стрип. Во оваа пригода министерката најави сериозна помош за стрип уметноста следната година.

Стрип уметноста  има посебна креативна моќ, го спојува ликовната  уметност  и раскажувањето. Покрај тоа што ги подржуваме македонските автори, размислуваме и за поддршка за откупување на авторски права на голем број стрипови со кои израснавме, би ги правеле и би ги пласирале на македонски  јазик и пазар – изјави министерката Елизабета Канчевска Милевска.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »