речник контакт

Колку пари се трошат за јавни набавки и тендери

Општина Велес според набавката по жител е 59-та од 80 општини

Петар Печков

Општина Велес за минатата 2014-та година, за јавни набавки потрошила 113.512.030  денари, или   184.5724  евра или 33.73 € по жител или со тоа  општина Велес 59-та од 80 во земјава. ова е истражувањето кое го објави  Центар за граѓански комуникации.

 Вредноста на јавните набавки е показател не само за тоа колку пари потрошиле општините за своето функционирање (канцелариски материјал, опрема, средства за огрев, хигиена и сл.) туку особено за извршување на обврските од нивна надлежност.

Како што е познато, освен за исплата на платите и надоместоците за вработените, речиси за сите други трошоци над 500 евра, општините се должни да распишат јавен тендер. тоа е изградба на локални улици, комунална инфраструктура, локално осветлување, поправка и изградба на училишта, урбана опрема

Еве ги показателите и за соседните општини.  8.193.434  денари   или  133.227   евра  или 51.24 € по жител на  општина Лозово  со  што таа е  46-та во земјава.

Општина Чашка   е 17-та со 81.04 €  по жител или  39.717.756 денари или 64.5817 евра.

Општина Градско 14-та со 84.84 € по жител, или 18.648.660 денари или  30.3230 евра 

Пониско од поголемите градови во земјава е  Прилеп  70 со 26.44 €,  лидер Чаир со  203.08 €   а последно Арачиново со 3.62 €. 

податоците се одм истражувањето на Призма

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »