речник контакт

Лековитите билки и шумски плодoви се собираат само со дозвола

Оваа новина годинава досега ја побарале 700 собирачи и 18 фирми од Македонија. Цел е да се заштити флората на планините од прекумерното берење лековити билки

Петар Печков

Сите  правни и физички лица  кои собираат шумски плодови и лековити билки, од  април годинава мора да  бидат регистрирани и да имаат дозволи за работа. ЈП „Македонски шуми“ во 2013 година воведе задолжително регистрирање на жителите - собирачи на  шумските производи Ова доаѓа откако  македонските планини ги сардисаа  берачи кои нестручно и стихијно берат лековити билки. 

Наместо цветни ливади со жолто црена боја, по планините се гледа само трева, цветови нема. Поради ова ЈП Македонски шуми  започна со  регистрацијата на собирачите и регистрацијата на фирмите кои откупуваат од собирачите.  Тоа не е новина, оваа законска обврска според „Законот за шуми“ постои од 2009 година. Таа е обврска за ЈП Македонски шуми и за сите физички и правни лица кои се занимаваат со оваа дејност. Цената на поединечна дозвола за собирање за 2013 година изнесува 400  денари.

Пролетва УО на “Македонски шуми“ ги усвои сите потребни законски прописи - Правилници од областа на користење шумски производи. За оваа новина известени се сите институции и организации, а посебно фирмите- правни лица кои се бават со откуп на други шумски производи.  Дозволи за собирање и договори со откупувачи имаше и во претходните години, но немаше законски усогласување. Регистрацијата и издавање собирачки дозволи е во тек и досега има издадено околу 700.  Досега 18 фирми се регистрирале преку договори за откуп.  Нивниот број секојдневно се зголемува – вели Панче Николов  помошник директор на Сектор  за користење на други шумски производи при ЈП Македонски шуми. 

Според  овие правилници сите физички лица и правни лица- откупувачи мора да бидат регистрирани и имаат годишни „Дозволи за собирање на други шумски производи“ за собирачи, а правните лица – откупувачи се регистрираат. Пријавувањето и регистрацијата се врши во сите 30 Подружници на ЈП Македонски шуми низ Македонија. За лицата кои не поседуваат  дозвола за собирање при вршење на оваа дејност, се пропишани казнени законски мерки, кои се парични и се високи.

Досега не е ниту една поднесена, бидејќи од ЈП Македонски шуми објаснуваат оти во првата година сакаат да  ги запознаат собирачите со оваа нивна обврска да се регистрираат а не да ги казнуваат. На терен покажува дека  некои од собирачите покажуваат отпор. ,,Оваа планина е не сите, и цвеќе ли сега не можам да берам,, биле најчестите одговори на лицата кои се затекнати како берат шумски производи без дозвола.   Велешанецот  Гајдов, кој со години собира шумски плодови ја подржува оваа новина.

Природата овие  нејзини билки ги создала пред  илјадници години и немаме прво ние сега да ги искорениме. Закони постојат и мора да почнат да се применуваат. Не можеме да ја оставиме природата на немилост на лица кои мислат само за себе. Нестручно се берат билките. Истото се случува и со печурката. Се рекло носи пари и сите ајде на берење а немаат основни познавања. Печурката не се корне, се сече со нож, се складира  во кошница а никако во вреќи како што сега работат. Исто е со лековитите билки, ги корнат сосе корен а не да ги пресечат цветовите. Така сега на планините каде имаше вакви  билки се истребија, ги нема  – објаснува Гајдов.

Тој посочува на примерот од Словенија каде истото така се издаваат вакви дозволи, но таму се уште поконкретни. Од одреден реон може да се откупува само одредена количина, која е резултат на анализите од стручни лица, не се  откупува  се што ќе се донесе

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »