речник контакт

Промовирана ,,Круг, полукруг,, од Игор Крајчев

Промоторите Венко Андоновски и Златко Жоглев не штедеа комплименти за делото на Крајчев

Петар Печков

 Најновата книга  ,,Круг, полукруг,, на   Игор Крејчев беше  промовиран во Ликовниот салон во Велес.  Промотори на делото беа универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Златко Жоглев, кои не штедеа комплименти за новата книга поезија на авторот Крајчев.  

Во  поезијата на Крајчев има многу длабоки теми, каде основа е поставувањето прашања.  Тој плени  со стиховите, кои на извонреден луциден креативен начин ги искажува. Зачудува зрелоста на Крајчев иако ова не е негова прва збирка поезија. Тој како прозаист е  многу квалитетен а како поете е извонреден. Самиот наслов е филозофски. Во основата  на насловот ,,Круг, полукруг,, ако се проникне подлабоко, може да се сфати митот за Сизиф. Тоа е затворање на кругот и отворање на полукругот. Или дали Сизиф треба да го истурка каменот до крај и што ќе се случи потоа - рече проф. д-р. Жоглев. Со оваа книга Крајчев го доби специјалното признание на Карамановите средби во Радовиш.  

Во  ликот на Крајчев, македонската литература добива една исклучително чудесна фигура, оти тој паралелно ја негува и  прозата и поезијата. Тоа што јас го прочитав во оваа книга, докажува дека меѓу прозата и поезијата постојат тенки граници. Големи автори за мене се тие кои успеваат во нијанси  да ги поместат границите на жанрот од претходниците.  Колку и да звучи чудно, јас во Крајчев препознавам еден Рацин, го гледам како суптилно продолжение. Неговата поезија денес би изгледала вака, со многу постмодерни елементи  - изјави д-р Венко Андоновски.

Крајчев, кој е член на ДПМ  е автор на три дела и поезија и проза.  Во  2005-та ја издава модернистичката поезија ,, Реалности,,, во 2007-та  епско-фантастичниот роман ,,Воини и херои,,  и во 2009-тата психолошкиот роман ,,Три секунди,,. 

Круг, полукруг е  моја филозофска симболика, со која што сакав да изразам одредени мои размислувања, која е нашата проекција, идеализација  за самите себе си. Кој сме всушност ние, кој е нашиот стремеж кон апсолутното совршенство - рече авторот Крајчев, кој ова дело го подготвувал две години. Стихови од книгата читаше актерката Кети Борисовска. Промоцијата беше дел од манифестацијата ,,Велес град на културата,, .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »