речник контакт

Домашна нега за лицата со попреченост

45 лица од општините Велес и Чашка ги посетува стручен тим од дефектолог, психолог и физиотерапевт

Петар Печков

Лицата со попреченост во развојот започнаа да добиваат  помош и во домашни услови. Оваа новина е дел од проектот  ,,Сервис  за домашна поддршка,, на Здружение на лица со церебрална парализа, се реализира во општините Велес и Чашка а опфаќа 45 лица. Нив ги посетува стручен тим од дефектолог, психолог и физиотерапевт. Целта е да се посетуваат дома лицата кои не се прифатени во ниту една друга организирана акција за помош на оваа категорија лица.

Сакаме да им помогнеме на лица кои досега не се прифатени од ниедна институција, на локално или национално ниво, а имаат потреба од комуникација и терапија.  На овој начин  да им го осмислиме животот кој го живеат само во четири ѕида и да не дозволиме и понатаму да бидат препуштени само на семејството - вели Далиборка Златева претседателка на Здружение на лица со церебрална парализа.

Тие за реализација на овој проект добија финансиска помош во висина од 872 илјади денари,  од ЦИРА и Швајцарската агенција за развој. Очекуваат помош од двете општини, Велес и Чашка, како и од Министерството за труд и социјала. Првите одѕиви од работата во  овие семејства каде има лица со попреченост  биле позитивни, срдечно примени, пречекани.

Семејства каде отидовме и ги посетивме наидовме на одобрување. Ни соопштија дека имаат потреба некој да дојде и да ги посети во нивниот дом. Ги запознавме и им укажавме на ова што го работиме. Прифатија индивидуално со нивните деца да работат дефектологот, психологот и физиотерапевтот. Психологот ќе работи и на групно советување на родителите заради тоа што кога во семејството постојат лица со пречки телесни или ментални многу е тешко да се опстане. Сакаме преку овој проект да почувствуваат дека има луѓе на кои можат да се потпрат кога им е најтешко – вели Златева. 

Летово лицата со пречки во развојот кои се опфатени во проектот бесплатно ќе летуваат седум дена во извидничкиот центар во Охрид  во придружба на родител, кој ќе партиципира co симболична цена.  Планирано е претходно, децата болни од церебрална парализа и лица со пречки во развојот  да минат викенд во  Планинарскиот дом во Папрадиште.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »