речник контакт

Имотот наследен од родителите, дедовците сега го нема во катастар

Во Општина Чашка селаните се жалат што имотот за кои до пред некоја година бил нивен, сега го изгубиле. Ниту по една година од ветувањето проблемот не е решен

Петар Печков

 Во 25 села од  38 села во општина Чашка жителите имаат проблем со сопственост на имотот.   Најмногу во регионот на Азот. Земјиште за  кое нивните дедовци и татковци имале документ поседовен лист, сега повеќе не е нивно, се изгубило некаде во премерот на катастарот. Некои останеле без него - станало државна сопственост,  на други дури им е и продадено  Најмногу вакви проблеми има во селата Нежилово, Папрадиште, Ореше, Теово, Согле  и Бистрица.

Татко ми почина, земјата  поклон ми ја остави а сега не е моја. Барам некако да се исправи оваа неправда, да ми се вратат 70-те декари земја, вели жител на селото Бистрица.

Тој  еден од стотината граѓани кои реагираа  на за нив неправдата која им е сторена изминатите години.  Некои од  нив откриле дека  земјата државата ја продала на други луѓе. На дел пак катастарот им ја земал земјата, а им нудел парцели на други локации.

Ми даваат  замена  за моето земјиште  горе кај Бабина Рупа, земја под Солунска глава. Нашата  беше в село блиску тука до дома,  не таму горе. Си го барам своето,  не сакам државна земја, никаква туѓа земја - рече жител на селото Бистирца.

На парцелите  кои тие ги поседуваат имало  шума, обработливо земјиште и паша. Жителите од Азот  реагираат оти за да докажат дека го поседуваат  имотот, ќе мораат да плаќаат приватен геодет.

Ги имам сите документи, на нотар заверени, ја поседувам  нивата одамна, од татко ми е наследство  Сега ми одземале дел од земјата, покрај реката Бабуна и ја продале на друг човек. Сега тој е сопственик иако јас имам  документи се жали  жител на Нежилово.

Тие објаснуваат дека кај повеќето нив не стигнала никаква покана за премер на земјиштето.  Кога имало излагање за  авионско снимање во регионот каде живеат не се гледала локална телевизија, не се слуша локално радио и  затоа не се пријавиле во Катастарот  Директорот на Агенцијата за премер и катастар Славчо Трпевски  признава дека  во Општина Чашка имаат проблеми. Најавува дека ќе им се врати земјата на сопствениците, освен на оние на кои е продадено земјиштето.

Ова е наследен проблем кога јас не сум бил директор. Јас сум од неодамна на оваа функција и со доаѓањето веднаш се започнав со решавањето. Го изменивме законот, отвораме канцеларија во Чашка  за поодобар контатк со населението и од следниот месец ќе распишеме оглас за луѓето со сите документи да дојдат и да решаваме случај по случај -  рече Трпевски.

Пред една година жителите на овој дел од земајва, исто така реагираа за оваа неправда. Тогаш им беше ветено таа ќе биде исправена, но досега не се случи

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »