речник контакт

Амбулантата за белодробни болести кочан ладна

Нафтата од овој објект е префрелена во Болница а на негово место, ако се случи префрлање на друга локација, интерес пројавила Владата да гради социјални станови

Петар Печков

Пациентите  на  амбуланта за белодробни заболувања се смрзнуваат на ова ладно време. Болните од белодробни болести немаат избор туку мора да чекаат во студените ходници а се прегледуваат во простории  кои се греат на грејни тела. Во борбата за решавање со греењето во велешката Болница, настрада диспанзерот за градни болести, велат пациентите. Чекајќи да му се реши судбината, да се сели од постојните простории,  и непознато каде и кога, тој остана без нафта за греење.  Три седмици болните кои ги користат  здравствените услуги на кај велешани познатиот антитуберкулозниот диспанзер, се жалат на студот.

Колку е надвор, толку е и во чекална. Во амбулантата кај докторот  и во другите простории се греат на греалки, радијаторите се ладни. Не чекаме многу за преглед, ама и тоа време што го минеме тука се смрзнуваме. Да не зборуваме колку во лоша состојба е диспанзерот, со пропаднат кров, стара зграда која одамна не е реновирана  и добро е  што решија да ја селат. Ама тоа да биде бргу а не вака ние пациентите да страдаме – вели велешанка која била на снимање во диспанзерот за градни болести.

Тој се наоѓа тука веќе 40-тина година и времето кое минало оставило трга врз него. Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес ги потврди информациите дека нема  нафта за греење во овој нивен дислоциран објект, кој се наоѓа далеку од комплексот на Болницата  .

Во големата акција на полицијата за незаконско работење со нафта на јавните институции, настрадавме и ние. Немаше кој да не снабдува, се најдовме во теснец. И додека го решиме тој проблем на законски регуларен начин, моравме  нафтата од овој објект да ја земеме и префрлиме во Болницата. Така мораше да биде бидејќи таму имаме пациенти  кои лежат, додека во амбулантата имаме само  200 прегледи месечно и затоа приоритет дадовме на обезбедување на греење за Болницата  - вели д-р Атанас Василев, в.д. директор на Општата Болница во Велес.

Тој дал препорака греењето да биде со грејни тела се додека не заврши префрлањето на АТД  амбулантата во зградата на Болницата, на  Интерното одделение. Но и тука работите добиле друг тек откако реагирала санитарната инспекција што тоа  болните од туберкулоза ќе имаат контакт со други болни.

Земајќи ги предвид сите моменти, побаравме од Министерството за здравство да даде писмена одлука каде  да се лоцира амбулантата  за градни болести. При нивната посета кога беше најавена таква разврска, тоа беше усно кажано, сепак ќе треба документ за да може по него да се постапи. Дотогаш пациентите и  вработените остануваат во постојната зграда – рече д-р Василев. 

Тој појасни и зошто натаму велешани се без кожен лекар, и покрај најавите  пред два месеци дека тоа бргу ќе се реши.  Работата запнала околу потписот со Фондот за здравство, кое треба да го одбори работењето на лекар од скопските клиники, за да може пациенти  да ги користат неговите услуги и препишаните лекарства со сини картони, оти во спротивно  без  одобрение од Фондот ќе треба да ги плаќале целосните трошоци за преглед   и медикаменти.

ТРМР дознава дека на просторот, земјиштето каде е сега АТД Диспанзерот државата го побарала, за да може да гради социјални станови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »