речник контакт

Велес доби кино проектор, наскоро и првата кино проекција

Филмови ќе се прикажуваат во театарот и во салата ,,Бели мугри,,. Првата уште во текот на месецот, но не на штета на театарската програма

Петар Печков

Велешани повторно ќе гледаат филмови, во прво време во салата на театарот и во салата Бели мугри. Ќе има и македонски најнови, но и светски достигнувања. Првата проекција е најавена за овој месец, април. Ова  се случува откако министерката за култура Канческа Милевска го посети  театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и  го врачи новиот дигитален кино проектор.

Ова ќе биде одлична можност велешани да ги следат сите најнови остварувања од домашната и странска филмска кинематографија, и верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат во кино салите - потенцира Канческа- Милевска. 

Велешани очекуваат дека наскоро ќе имаат можност да ги видат филмовите кои се снимени од средства на Филмскиот фонд, како што се Трето полувреме, Балканот не е мртов, Ова не е американски филм, Панкот не е мртов, Парада, а тие поради тоа што градот нема кино сала, немаа можност да ги погледаат. Јордан Витанов, директор на театарот оцени дека кино проекторот ќе има значајна улога за ревитализација на кино културата во Велес.

Во соработка со Кинотека на Македонија и дистрибутерите ние ќе донесеме една солидна програма,уште во април, мај годинава, како и од програмата од филмските фестивалите кои се одржуваат во земјата. Таа би траеле во континуитет и во летните месеци. Освен во оваа сала,  кино проекции би се проектирале и во салата  ,,Бели мугри,, рече Витанов.

Иако тие како национален  Центар за култура, немале искуство со ваква содржина, се впуштаат во нов предизвик, со што ќе ја развиваат,  поддржуваат филмската култура, но да не губи и на штета од театарската програма.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »