речник контакт

Во Велес две монументални дела на македонската ликовна уметност

Фреската ,,Сутјеска,, од 1971 се наоѓа во Спомен собата на гарнизонот на АРМ. Таа заедно со мозаикот на Мазев во Костурницата од 1979 се непроценливо културно богатство на Велес

Петар Печков

Две монументални дела на  македонската  ликовната уметност се  во Велес, иако велешани и јавноста  малку или не знаат за нив. Тоа е мозаикот на Петар Мазев во Спомен Костурницата и делото на Борко Лазески во велешката касарна.  Делото на Мазев е најголемиот мозаик во Македонија  на површина од 220  м2, изработен на ѕидовите од споменикот. 

Преку  композиција составена од пет слики, авторот ја насликал историјата на македонскиот народ од Илинденската епопеја преку социјалните превривања меѓу двете светски војни,периодот на народно ослободителната војна и сенародното востание, се до победата над фашистичкиот окупатор, повоената изградба на Македонија и слободата како врвна придобивка – вели Марин Клифов раководител на Спомен Костурницата.

Мозаикот е направен од природен и вештачки камен од венецијанска паста, во повеќе бои, преку кои едни од други се одвојуваат симболите и формите. Клифов  ги споделува чувствата на  посетителите, кога ќе го видат делото на Мазев. Никој не го крие воодушевувањето од монументалноста.  Некој од  гостите велат дека   тоа за  нив е ,,Македонската Герника,,.  Клифов потсетува дека е добро што најчести гости се  младите, учениците  од земјава кои во живо  можат да го видат мозаикот на Мазев.

На другиот крај од  градот, во кругот на  касарната Алексо Демниевски Бауман, во Спомен собата пак се наоѓа уште едно капитално дело на ликовната  уметност. Тоа фреската ,,Сутјеска,, која според потписот на авторот  Борко Лазевски е нацртана   пред 43 годни во 1971-та.   Фреската “Сутјеска”  е со мотив,  јуриш на борците партизани врз непријателот.

При работата применета е посткубистичка градба на формите, со извесни експресионистички и футуристички  моменти. Фигурите  и формите се предадени со видлива упростеност, со здржан и претежно ладен колорит. Иако тоа е тематски ангажирано дело, се чувствува едно помодерно  преставување во ликовната форма на тема од НОВ. Ова  е значајно дело  од монументалното сликарство на Лазески - вели Елица Николова историчар на уметноста и директор ан велешкиот музеј.

Големината  на фреската е пет на два и пол метри и тоа е одлично сочувана. Ова дело во Велес  спаѓа во врвот на неговите уметнички достигнувања.

 Многу важно  за градот, за велешани, за културата, е  што  и   ги имаме заедно овие две дека  дела, фреската на Лазески и оваа фреска  која заедно со  мозаикот на Мазев во Спомен костурницата се непроценливо богатство, тоа се монументални дела. Тие се гордоста на градот, аманет за идните поколенија. Но за жал поради карактерот на објектот, кој е воен,  каде е сместена фреската, ограничен е пристапот до неа за поголем број лица, ликовни и сликарски познавачи но и  за обичните граѓани – вели Николова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »