речник контакт

Дрва за огрев нема, но за 10 дена граѓаните ќе се снабдат

Дел од граѓаните кои платиле огревно дрво се уште чекаат, од ШС ,,Бабуна,, објаснуваат остануваат за испорака уште илјада кубици

Петар Печков

 Се уште има граѓани кои уплатиле не ги добиле дрвата за огрев. Иако започна грејната сезона, дел од велешани кои користат огревно дрво не можат да се греат, оти немаат. Ова беше посочено на прес конференција на  Општинската организација на СДСМ за Велес.    

Каде се дрвата кои граѓаните ги платија уште пред  осум месеци.  Грејната сезона започна и граѓаните треба веднаш да ги добијат, на што д а се греат тие. Доставувањето на дрвата е согласно договорот кои го имаа потпишано купувачите со  ШС ,,Бабуна,,.  Дрвата се платени во мај а  уште не се доставени. Неколку години се повторува  истата работа, во Велес нема дрва, континуирани се лажат граѓаните со платени огревни дрва, да молат  да добијат нешто што платиле, не е човечки – изјави портпаролот  Весна Богоевска.   Во Велес кубик дрва на ШС ,,Бабуна,, од бука 2.350  е додека од даб е 2.450 денари. Оваа цена е пониска од таа во Скопје, каде за дрва од  ЈП Македонски шуми се плаќала повисока вредност. Од велешката подружница на ЈП Македонски шуми,, објаснуваат дека наскоро сите кои уплатиле ќе добијат огревно дрво.

 За десетина дена сите кои имаат уплатено ќе добијат огревно дрво. Изминатите денови во Велес на железничка стигнаа два воза со по десет вагони дрво за огрев. Така што остануваат уште илјада метри кубни дрво за да се снабдат сите кои имаат потпишано договор. Застој имавме бидејќи во еден дел, во август патот кај село Мокрени беше сопрен и не можевме да извршиме сеча.  Таму требаше да се исечат околу шест илјади метри кубни, но се чекаше да се поправи патот – изјави  Горан Наунчев директор на ШС ,,Бабуна,, од Велес.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »