речник контакт

Земјиште доделено и за паша и за ископ

Сопствениците се чудат како може да добијат концесии за иста парцела, со различни намени

Петар Печков

Надлежните државни институции поделиле дел од  исто земјиште на  две лица,  наменето за различни дејности. Едното служи како паша,  додека вториот  корисник го употребува за ископ на кварц. Ова се случува на тромеѓето помеѓу селата    Мокрени, Ораов Дол и Габровник во регионот на Азот, велешко. Прв за ваквата состојба реагираше сточарот  Стојан Милошевски од Велес. За него  е нејасно кој и зошто дал документи дел од земја, која е во државна сопственост да се користи и за паша и за ископ. Истата тој  ја користи три децении.

Продолжен ми е договорот со  ЈП за утрини и пасишта,  за периодот од 2010-та до 2020-та. Еве ги чековите што редовно ги  плаќам сметките. Кој е тој што  дал договор на друго лице, истата оваа паша да ја користи за други цели.  Како може некој да даде на друг имот земјиште, да даде друг документ и тој  истата парцела да ја  користи за други потреби. Ова е криминал  – се чуди  Милошевски.

Тој има сто грла крави, ги поседува документите за склучениот договор со ЈП за стопанисување  и управување со пасишта. Поради тоа што земјиштето се копа таму каде  што е пашата, неговата стока има проблеми со движењето, па го избегнува тој дел за прехрана, да не се повредат или загинат кравите. И додека Милошевски заради неможност за паша на стоката што ја има, бара заштита од надлежните, сопствениците на фирмата која врши ископ покажуваат документот дека имаат дозвола за работа.

Од страна на Министерството за економија пролетва  добивме концесија за ископ. Две години се работеше на елаборатот за да ја добиеме дозволата. Работиме легално и нема ништо спорно. Тука каде сме, имаме концесија – вели Зоран  Ристов од фирмата Пела, кој го врши ископот. За ваквата ситуација  реагираа и од велешката еколошка групација ,,Зелена сила,,

Ги повикувам надлежните институции, инспекторите, да дојдат на лице место и констатираат како земјата е и паша и ископ. Сопствениците плаќаат а не можат  да ги вратат парите назад – вели Игор Смилев.

Но не е само  Милошевски кој има проблем со користење на пашата, оти таа е дадена за ископ. Со идентичен се судруваат и други сточари од овој предел, чии делови од парцелите се поделени   и за ископ на кварц.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »