речник контакт

Поранешниот заштитен сведок ,,Бреза,, се продаде за пари, тврди сведок во процесот

Двајцата сведоци се соочија меѓусебно, но останаа на своите изјави, Златко дека бил приморан така да сведочи, Вељо дека Златко сам побарал да сведочи во овој процес

Петар Печков

Сведочењето во случајот убиството во Ореше на денешното рочиште доби нов драматичен тек, откако сведок тврди  дека поранешниот заштитен сведок ,,Бреза,, својот идентитет го открил  и ја сменил изјавата откако добил пари. Златко Арсовски, порано заштитен сведок  ,,Бреза,,  на претходното рочиште  го посочи Вељо Арсовски дека стои зад конструираниот процес, ова го отфрли, тврдејќи дека е лага.

Златко или ,,Бреза,,  го смени исказот поради пари. Нему му се платени 30 илјади евра од страна  обвинетите за да тврди дека тие се невини. Од каде мусе нему пари сега да менува скапи  автомобили, да се луксузира. Тој бараше пари 15 илјади евра, стан, работа за сопругата за да остане на претходниот исказ. Откако државата не му ги даде, сега се предомисли. Ниту му дадов лист  што да кажува и како треба да сведочи, ниту сум му се заканувал, ниту присилувал, уште помалку уценувал да тврди дека обвинетите се сторители.  Згора на тоа, тој оствари контакт со мене, тој ми се јави телефонски. Во ва наврати бев во  притвор Шутка, со дозвола од надлежните за да ми ја каже неговата мака. Еднаш бев озвучен и што тој зборуваше има тонски запис. Не кажа кој го сторил делото, но дека знае кој е и дека предметот убиството во Ореше може да заврши за пет минути – рече Вељо Арсовски.

Во продолжение двајцата сведоци се соочија меѓусебно, но останаа на своите изјави. Златко дека бил уценуван да зборува како што Вељо ќе му рече, оти во спротивно ќе заврши во затвор 30 години и  нему ќе му го монтираат убиството а Вељо дека Златко сам се пријавил да каже дека обвинетите се сторители. Златко Арсовски изјави дека тој во неколку наврати од притворот во Шутка, пишувал до Хелсиншкиот комитет жалејќи се на тортурата која му ја вршела полицијата, да  го призне делото или да сведочи против обвинетите. 

На следното рочиште повикани се психијатрите, кои во два наврти  вршеле   анализа врз сведокот Златко Арсовски, и тврделе дека тој тогаш ја зборува вистината, не измислува и не лаже.  Според обвинението  Горе Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски ( 73 год) на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители за 20 илјади долари  ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени  по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »