речник контакт

Со железница, во среда, велешките средношколци на кафе во Скопје

Најчеста дестинација е Сити мол, цел е прошетка и забава

Петар Печков

Велешките средношколци во среда на кафе во Скопје.  Оваa пракса подолго време се практикува од страна на младите велешани.  Тие на овој начин, ги користат бенефитите кои ги дава ЈП Македонски железници, им овозможува бесплатен  железнички превоз на средношколците секоја среда.  

Имаме воз околу пладне за Скопје, назад околу пет попладне, таман за прошетка или во осум навечер. Одиме на кафе до Сити мол тераме дневна шема и назад дома. Ем денот исполнет а трошокот не е голем, се возиме бесплатно, ја плаќаме само пијачката. Ами треба ли да се подготвиме за факултет, кога ќе одиме во Скопје за некоја година, да знаеме што не чека   – вели девојка која се претстави дека е Александра.

Таа патуваше со уште пет другарки, од класот, во новиот кинески воз. Додава дека за ова знаат и нејзините дома и никој не се противел, целото задоволство не коштало повеќе од 200 денари.  И додека девојките одат на кафе и да бидат видени, машките патуваат да видат.  Во возот беа тројца другари.

Одиме да видиме скопски девојчиња. Ги гледаме на телевизија да видиме како е во живо. Може нешто спортска опрема да погледаме и патики по продавниците. Но само  за гледање, не и купување. И ние до Сити мол, како и девојките – вели Дарко. Додека траеше наставата на училиште, пред распустот,  претпладне на училиште а попладне заминуваат за Скопје, во ,,живот,,.  Средношколците кои користат железнички превоз, треба да покажат само ученичка книшка, по што добиваат билет и можат да патуваат секоја среда, бесплатно  на дестинација, која тие ја одбираат.  Од железничка станица Велес потврдуваат дека има зголемен број на патници, средношколци.  

Има повеќе патници, ученици кои ја користат оваа привилегија секоја среда.  Земаат карти и патуваат, најчесто за Скопје. Но каде одат и зошто патуваат, тоа не знаеме. Дали наместо на школо се во Скопје, тоа само тие знаат  – велат железничарите.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »