речник контакт

Условна затворска казна за екс директорот на Гимназија

Андреевски го призна делото за кое се товареше, несовесно работење во службата

Петар Печков

Екс директорот на велешка гимназија Саше Андреевски,  доби условна затворска казна, поради несовесно работење во службата. Тој во Основен суд Велeс го призна делото за кое се товареше ,,несовесно работење во службата,, по што му беше изречена казната.

Бидејќи досега е неосудуван доби алтернативна мерка една година затвор, ако во следни три стори кривично дело. Таа е изречена согласно Законот за одмерување на висината на казната. Обвинетиот  Андреевски  се товареше за неправилности околу спроведената екскурзија за учениците во трета година од училиштето, реализирана во април годинава.  

Тој дозволил по само два дена од изборот  на најповолен изведувач  фирмата ,,Црво експрес,, од Штип, учениците да заминат на екскурзија иако  не е испрочитуван  рокот за жалба од неизбраните понудувачи.

Бидејќи екскурзијата е целосно реализирана во времето кога течел рокот за жалбена постапка, иако останатите понудувачи вложиле навремена жалба, нивните жалби биле беспредметни. Згора на тоа  за автобусите со кои заминале учениците не бил доставен записник за извршен вонреден технички преглед не постар од еден месец, а со автобусите управувале возачи кои поседувале лекарски уверенија за психофизичка способност за управување со датум постар од дозволените шест месеци.

Андреевски во своја одбрана рече дека така постапил, оти бил советуван од адвокати, дека нема  корист ниту штета, ако го потпише документот учениците да заминат на  екскурзија, иако тече рокот за жалба, и не прави кривично дело. Додаде дека ако се најде во таква ситуација повторно, ќе постапи идентично, во интерес на учениците, кои живееле за таа екскурзија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »