речник контакт

За што велешките малолетници се во судар со законот

Кривично одговараат за тешки кражби а прекршочно за сообраќајни непочитувања на Законот

Петар Печков

Најчесто машките малолетници се сторители на кривични дела и прекршоци покажува статистиката која ја објави Локалниот совет за првенција. Податоците се за 2014-та година и за деца со место на  живеење на  територијата на Општина Велес.    

Според податоците од Основен суд Велес, во оваа година правосилно се завршени 32 кривични постапки на деца (лице на возраст до 18 години)  кои биле во судар со законот. Сите се за сторители од машки пол.  Во осум дела станува збор за исто дете а во други два  случаи за три дела за  деца исти сторители.  Или половината од делата ги сториле три деца со ненаполнети 18 години.  

Од овие 32 предмети, во 19 случаи станувало збор за 19 тешки кражби,  а останатите се кривчни дела застапени со еден или два предмети, разбојништво,  кражби, насилство, противправно лишување од слобода, полов напад врз малолетник кој не наполнил  14 години, загрозување на ебзбедноста во сообраќајот..

Од сите овие предмети во еден  случај сторителот е испратен во воспитно поправен дом, најчесто е изрекувана мерка  засилен наздор од Центарот за социјални работи во 11 случаи и по четири пати укор и засилен надзор од страна на родителите.   

 Во истиот анализиран период, 2014-та година  во Основниот суд во Велес  водени се и правосилно завршени 62 прекршочни  постапки. Кај оваа категорија се јавува  и едно девојче, останатите се машки.    Во најголем број се прекршоци од Законот за јавен ред и мир, потоа следат прекршоци на Законот за безбедност и во еден случај малолетникот пушел цигара. Најчесто изречена мерка е укор, засилен надзор од родителите а во два счучи изречена е и  парчина казна глоба.  Во однос на прекршоците надлежните констатираат дека во 2014-та има драстично опаѓање споредбено со година дена претходно. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »