речник контакт

Затвор за Папазова оти во два наврати ја запали трафостаницата на ЕВН во Башино село

Ова доаѓа откако психијатрите потврдиле дека таа е пресметлива кога го сторила делото

Петар Печков

 Маре Папазова од велешко Башино село  доби 18 месеци затвор оти во два наврати ја запалила  трафостаницата на  ЕВН. Таа беше прогласена за виновна  за две кривични дела Предизвикување општа опасност. Папазова  претходно е осудувана за истото кривично дело Предизвикување општа опасност  и се  наоѓа  на отслужување на н казна затвор во траење од 1 година во КПУ Идризово Скопје, оти ја  поли вратата на судот со бензин.

Обвинетата  28 јануари минатата  година на пладне  купила бензин од  блиската бензинска пумпа, за да потоа да ја попрска надворешната страна на трафостаницата сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје лоцирана во  селото и со џебна запалка го запалила бензинот.  По  кратко време  се вратила  за да види колку и што е изгорено.

Истото го  повторила на  5  јуни лани, овој пат претпладне околу  9,30 часот.  Овој пат прво  пријавила во Полициска Станица  Велес и во Против  пожарната  единица дека ќе ја запали трафостаницата лоцирана на влезот на Башино село.  Потоа  се упатила до трафостаницата па со пластична пумпа за прскање  полна со бензин ја попрскала надворешната страна на трафостаницата и со џебна запалка го запалила бензинот предизвикувајќи пожар во трафостаницата.

Според  наодот и мислењето на ЈЗУ Клиника за психијатрија Скопје  утврдено е  дека во периодот на инкриминираниот настан можела адекватно да управува со своите постапки, правилно да расудува и да го сфати истото како и да ги сфати законските последици од нејзините постапки. Таа е  преосетлива личност со пременливо расположение, лесно избувлива, сомничава, со слаба толеранција на фрустрација и недостаток на контрола на внатрешните импулси во склоп на неадекватна структура на личност. Таа не се чувствува за виновна а вината и одговорноста ја префрла на институциите.

Обвинетата Папазова во  одбрана  рекла дека ова го сторила како револт кон  ЕВН и  што и  била исклучена електричната енергија во нејзиниот дом. Кога од страна на претставниците во ЕВН и било кажано дека нема да биде приклученоа на мрежата таа  го запалила попрсканиот бензин врз објектот  и си заминала дома.  Истото го повторила и  во вториот обид.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »