речник контакт

Координативно тело ќе решава за загадениот воздух во Велес

Промовиран Катастарот за животна средина на територија на Општина Велес

Петар Печков

Екологистите  побараа, локалната власт веднаш прифати, во Велес да се формира координативно тело кое ќе ја следи загаденоста и ќе алармира и предлага неопходни мерки против загадениот воздух.  Ова беше епилогот од Јавната расправа за аерозагадувањето во Велес, а по измерените високи вредности на чад и прашина во воздухот  во градот.  

За да нема секој свое читање на мерните инструменти и состојба со аерозагадувањето во градот, потребно е да се формира координативно тело кое ќе ја следи состојбата со квалитетот на воздухот во Велес. Тоа би се состоело од стручни лица од повеќе области кое би прелагало мерки, кои локалната власт би ги презела ако има потреба. Како лекар сметам дека загадениот воздух влијаеше на  зголемениот број на заболени од грип и негово рано појавување    – рече Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора од Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес, веднаш по завршувањето на расправата објави дека тој на следната седница  на  Советот ќе предложи формирање на вакво тело, чии членови би биле стручни лица.  Тие би носеле краткорочни и долгорочни мерки против загадувањето.   На оваа јавна расправа беше повторено дека најголем загадувач на воздухот во Велес се домаќинствата.

Тие беше посочено дека користат и неквалитетни енергенси, гуми, пластична амбалажа прагови за шини.  На квалитетот влијаат и десет илјади возила, кои се регистрирани на територијата на Општината.  

На ова јавна расправа беше  презентиран  и Катастар на животна средина за територија на Општина Велес, изработен од Технолаб од Скопје. 

Во Велес според добиените податоци, домаќинствата годишно користат 40 илјади м3 дрво за огрев, 11 т јаглен. ЅО2 најмногу испушта индустријата, СО домаќинствата додека NОх сообраќајот. Или годишно во воздухот во Велес  се генерираат 57  т. Ѕо2, 66  т. СО, 106 т. NO  и 14 т, суспендирани честички – изјави Магдалена Трајковска Трпевска автор на документот. 

Следно, него ќе го разгледа Советот на Општина Велес,  потоа ќе можат по него да расправат заинтересираните страни, екологисти и граѓани, по што би се усвоил.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »