речник контакт

Пет сообраќајки ноќеска поради снегот во велешко

Голема материјална штета, повредени нема

Петар Печков

 Снегот и лизгавиот коловоза предизвикале пет сообраќајни несреќи изминатата ноќ во велешко, информираа од  СВР Велес.  Освен големата материјална штета, нема сериозно повредени и  болничко згрижени учесници. 

Две од сообраќајките се случиле на автопатот Велес – Гевгелија, две на магистралниот пат Велес – Штип. Во три случаи автомобилите излетале од патот, додека во останатите биле судар со учество на две возила.

Од полицијата  на возачите им се препорачува крајно внимателно управување со моторните возила , односно, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот.

Така завчера 00.40ч  по полноќ на делницата од Автопатот А1 правец Градско-Велес на 700 метри после мостот за село Караслари дојдено е до сообраќајна несреќа во која  патнички автомобил марка Мерцедес со велешки регистарски ознаки  удрил во животно.

Во  вторникот во 12.30ч на регионалниот пат Велес -Штип на 5,1км од Велес кон Лозово случена е сообраќајна незгода во која учесник е патнички автомобил марка Рено Флуенца со скопски регистарски ознаки кој од засега непознати причини поминал на левата коловозна лента, излегол од коловозот и се превртел во нива .

Исто така вчера  во 17.50ч на Автопатот А1 Велес-Градско поточно на 12 км пред Градско дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу товарно возило марка Мерцедес со прилепски регистарски ознаки и приклучно возило,  патнички автомобил марка Ауди со велешки регистарски ознаки и  патнички автомобил марка Ауди со регистарски ознаки од Ресен.   

Вчеравечер  во 19.50ч на патот Велес- Мамутчево поточно на 5 ти км дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило марка Даф со регистарски ознаки од Радовиш и приклучно возило и патнички автомобил марка Пежо 206 со бугарски регистарски ознаки.

Во приближно исто време во  19  часот на магистралниот пат Демир Капија- Удово кај тунели Демир Капија случена е сообраќајна незгода- слетување на  патнички автомобил марка Фолксваген Голф со тетовски регистарски ознаки надвор од коловозот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »