речник контакт

Поставена нова спомен плоча нa Андреја Петкович во Риека

Претходната беше скршена а сторителите не се пронајдени

Петар Печков

Поставена е нова  спомен плоча Андреа Петкович во хрватскиот град Риека. Со ова градските власти и риечкиот градоначалник  Војко Обрснел  оддадоа почит  за овој македонскиот деец  кој долги години работел и живеел како руски конзул во овој хрватски град.  На овој начин ја исправија  неправдата, кога непознат сторител  претходно на почетокот од  ноември  тогашната плоча ја  скрши.

Ова е убав гест за почит на градоначалникот Обрснел, кој има големо внимание кон малцинствата во  Риека. Овој чин, на поставување на новата спомен  плоча,  ме чини горд што живеам во тука  - изјави проф д-р Горан Калоѓера почесен конзул на Македонија во Риека.

Спомен плочата е донација на градот Риека, која со неа  му оддава признание на помладиот брат  Петкович, бидејќи тој  донирал пари и помагал за развој на културата во овој Хрватски град но и за помош на сиромашните и изградба на инфраструктура.

Спомен плочата на Андреја Петкович македонски деец, поет, дипломат и преведувач беше скршена на 4-ти ноември минатата година. Таа се наоѓаше на најпрометниот дел на Риека, во центарот од градот, на зградата каде работел и живеел Петкович. 

Полицијата досега не успеала да го најде вандалот или групата која го стори овој чин. Кршењето на плочата, која беше двојазична беше во период  кога  во Хрватска имаше повеќе  слични инциденти, оти тие биле напишани на кирилица. 

Андреја Петкович е од редот на тогашните македонски просветители: Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Марко Цепенков, браќата Миладиновци. Неговиот постар брат Константин исто така бил професионален дипломат и тој бил 15 години руски конзул, но во Дубровник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »