речник контакт

Промовирано книга за слепите лица со Брајово писмо

Книгата Солунските атантатори е отпечатена со Брајов печатар, набавен со донација од локалната власт. Здужението на слепи лциа од Велес досега издаде единствена библиотека од 11 киниги

Петар Печков

 ,,Солунските атентатори,, од Јован Бошковски  е новата книга издание на Здружението на слепи лица од Велес, која е отпечатена со Брајово писмо. Таа е единаесетта во единствената едиција на дела кои се наменети за оваа популација во земјава. Новина е што печатењето е извршено со ново набавениот Брајов печатар, донација од Општина Велес.

Книгата е отпечатена во неколку примероци и дел од  нив ќе биде доставена до  Здруженијата на слепи  лица низ Македонија. Набавката на печатарот е многу значаен момент за нас, затоа што ќе можеме  редовно во континуитет да издаваме книги со Брајово писмо. Тоа ќе зависи од финансиската помош од  сите кои можат да помогнат и од државата и од бизнис секторот. Очекувам дека ќе издаваме по четири годишно и  дека сериозно ќе го зголемиме фондот на книги наменети за оваа популација – рече Тони Пајдаков секретар на Здружението. 

Тие на велешката Библиотека Гоце Делчев  и ги доделија  сите единаесет изданија на  книги со Брајово писмо, со што се отвори и оддел за слепите  и лица со оштетен вид. Издавањето на  една книга  со Брајово писмо чини околу 20 илјади денари.

Книгата е најголемото богатство на човекот и затоа за нас е најважно да има  што повеќе дела кои се достапни за нас слепите лица. Локалната власт со оваа донација покажаа дека се грижи подеднакво за сите нејзини граѓани – рече Јадранка Лазаровска претседател на Здружението на слепи лица. 

Библиотеката на Здружението  од Велес со сите нејзини  единаесет изданија во чест на големиот борец за правата на слепите лица Ратко Пајдаков, го доби ова име.  Брајовиот печатар кој е  набавен со финансиска помош на Општина Велес чини  350 илјади денари.  Здружението на слепи лица  од Велес досега издаде десет книги, меѓу нив и  Бели Мугри од Кочо Рацин, Папокот на светот до Васко Андоновски, Црно семе од Ташко Георгиевски, Големата  вода од Живко Чинго,  Пиреј  од Петре М. Андреевски.   Во Велес има околу 200 а во Македонија 2,5 илјади слепи  или лица  со сериозни оштетувања на видот.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »