речник контакт

Ресторанот Булетус ноќен кошмар за околината

Станарите од околината на ресторанот се жалат на прегласна музика, полицијата потврди дека таму трешти од гласност

Петар Печков


    Жителите на улица 11 Октомври се жалат на музиката и вревата која доаѓа од ресторанот Булетус, лоциран во близината на Брако. Тие немаат мирен сон, бидејќи вообичаено после полноќ започнувало гласното пеење но и викотници и вресоци на дел до гостите.

Од среда до недела, кога има музика, после полноќ, кога е време за спиење, ние немаме сон. Ова е страшно посебно за децата, кои немаат мирна ноќ, се будат и добиваат кошмари. Имаме реагирано до полиција но секогаш музиката стивнува пред да дојде полицијата – велат жителите од улицата 11 Октомври. Нивните наводи за гласност и бучава ги потврди и извршената контрола  од  велешката полиција изминатиот викенд.

На ден 12.12.2010г во времето од 00:15 до 01:45ч од страна на полициски службеници од Полициска станица Велес извршена е контрола  при што е констатирано дека го нарушиле мирот на граѓаните со штетна бучава која ги надминува граничните вредности, а која произлегува од угостителскиот објект Булетус. Ги повикуваме станарите секогаш кога има таков случај да се јават на 192 за да реагираме – изјавија од СВР Велес.

Гласна музика е констатирана и во  дискотеката Ноктурно, поради што против сопствениците на двата објекти е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Велес. Викендов бил контролиран и ноќниот клуб Импакт, но таму било се во ред.  Полицијата контролирала и  присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24 часот како и точење алкохол на пијани и малолетни лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »