речник контакт

ЈКП Дервен го собира сметот и го одржува зеленилото по селата

Нови работни активности на велешките комуналци за почиста и поубава околина

Петар Печков

 Вo ЈКП Дервен, со цел за одржување на хигиената и почиста животна средина, започнаа со собирањето нa сметот од неколку велешки приградски нaселби и села.

Веќе неколку мeсеци тиe еднаш неделно го собират смeтот од с Горно Oризари, Превалец, Башино Село, Челошово и Дурутовец. Се одржува и  зеленилото во селата Оризари , Башино село , Каласлари, Отовица , Сојаклари , Превалец. За користење на oвеи услуги од ЈКП Дервен упатуваат  дека раководствата на месните заедници треба да поднесат барања до локалната власт и ЈКП Дервен за користење на услугата. Таа се наплатува по исти цени како и собирањето на сметот и одржувањето на зеленилото во градот.

 Од  почетокот на јуни се отпочна со вонредно  секојдневно исфрлање на смет од корпите како и метење низ главните улици во Велес,  „Маршал Тито, Благој Ѓорев, Илинденска, Страшо Пинџур и Гоце Делчев“

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »