Петар Печков
Објавено: четврток, 23 јуни 2016
Во велешки ,,Брако,, во тек е инвестиција вредна 4 милиони евра. Со неа моментално се гради нова хала, а во која ќе се постави нова опрема, за најсовремени CNC компјутерски водени машини. Компанијата во ена планира да вработи 30-тина лица и сите завршени ученици од средно училиште.
Во својата развојна програма одиме чекор понатаму и градиме нов погон. За пошироката јавност таму ќе работат компјутерски водени машини. Нив ќе ги водат млади луѓе, кои се современо едуцирани и не се плашат од современа технологија. Затоа воспоставивме соработка со Средното Училиште ,,Коле Неделковски,, чиј кадар го поканивме на платена пракса во летните месеци. Сите тие добиваат шанса да покажат дека знаат и умеат да работат по што најдобрите 35 ученици од пракса, ќе добијат можност да се вработат во новиот погон, кога тој ќе биде завршен – рече Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на БРАКО Велес.
Тоа се завршени ученици од четврта година и Анѓушев најави дека соработката со ова училиште не сака да биде еднократна,само оваа година туку на подолги патеки. Од 2003-та по преземањето на ,, Брако,, од страна на сегашните сопственици оваа фирма постојано расте.
По 13 години таа е препознатлив бренд од извозната метална индустрија од земјава. ,,Брако,, 95 отсто од сопственото производство го извезува, во 21 држава, меѓу нив и Јапонија и САД а извозот постојано расте. Компанијата има ќерка фабрика погон, во Панчево - Србија, каде произведува жичана програма, со што е една од ретките фирми инвеститори која има производен капацитет надвор до Македонија.
Вкупниот промет на ,,Брако,, е околу 27 милиони евра. Компанијата произведува жичан програм, медицинска намешај, опрема за виљушкари, телекомуникациски антенски столбови и контејнери, како и камиони за вакуумско чистење на улици.
Tweet |