речник контакт

Велешани на кровот од Балканот

Четворица велешани минатата седмица го освоија Мусала, највисокиот врв на Балканот

Петар Печков

Тодорче Георгиев, Марио Брлев, Иле Николовски и Марјан Малинов можат да се пофалат дека се качиле на врвот Мусла од планината Рила во соседна Бугарија. Нашите храбри алпинисти најавуваат дека нивна следна цел, барем за некој од нив, е освојувањето на Монт Блан, највисокиот врв во Европа.  

Мусала  е највисокиот врв во Бугарија и на Балканот со 2925м, од планината Рила. Од 1949 до 1962 се викал Сталин а старото бугарско име е Тангра или Планината на Највисокиот Господ.

П.с. ТРМР е отворен за сите ваши успеси и достигнувања. Затоа доколку имате нешто значајно да ни посочите повелете. Очекувам дека некој наш сограѓанин на 26-ти и 27-ми февруари ќе биде во Банско, каде се одржува трка од светскиот куп во скијање, каде ќе се натпреваруваат најдобрите светски скијачи предводени од хрватот Ивица Костелиќ, и ќе имаме ексклузивни фотографии.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »