речник контакт

Десет години затвор оти жива ја запали сопругата

Во велешкиот суд осуден гевгеличанец оти жива ја запалил сопругата

Петар Печков

Драган Стошиќ ( 50 год) од селото Миравци Гевгелиско, доби десет години затвор  затоа што  си ја запали сопругата.  Жаклина Стошиќ преживеа но има тешки последици и нагрдување на телото од здобиените повреди. Во Основниот суд во Велес Драган  е прогласен за виновен за кривичното дело убиство во обид, при вршење на семејно насилство.  

Тоа се случи на 19 јануари годинава, околу 14 часот, на верскиот празник Водици, откако по расправија, додека сопругата готвела Драган отишол и земал шише со бензин ја полеал и со запалка ја запалил. 

Таа пламнала и  целата во оган истрчала веднаш на улица да побара помош а случајни минувачи ја гаселе со вода. Жаклина  веднаш потоа била пренесена во Гевгелиската Болница а поради тешките повреди и изгореници од 2 и 3 степен била итно префрлена  на Клинички во Скопје. Животот и е спасен но на поголем дел од телото има изгореници а на лицето нагрденост. Таа дојде да сведочи на судењето за грозниот чин, што и го сторил сопругот и беше донесена со амбулантна кола  од Скопје. Драган во завршниот збор изрази жалење за стореното.

Се каам за ова што го направив. И се извинувам на сопругата и на четирите деца. Бев пијан кога го сторив ова. Утрото бев кај дедото, татко и на сопругата и се напивме по некоја ракија  – рече Драган Стошиќ. Неговиот бранител во одбрана тврдеше дека  сопругата ја запалил откако бил испровоциран

Драган ова го сторил во момент на силна раздразливост, по што ги минал границите на неговата намера. Згора на тоа сопругата не побара материјален надомест за претрпената болка и повреди  – рече бранителот Борче Стојанов. Стошиќ до правосилноста на пресудата останува во притвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »