речник контакт

Една година затвор затоа што ограбувал месарници во Велес

Кавадарчанец дошол во Велес и ги ограбил месарниците на Жито Вардар и Агрија, за што една година ќе лежи во затвор

Петар Печков

Кавадарчанецот Субријан  Абдулов ( 31 год) доби една година затвор затоа што ограбувал месарници во Велес. Тој во два наврати есента 2011-тата од продавниците на Жито Вардар и Агрија  во Велес  украл стока во вредност од  60 илјади денари. 

Прво ја ограбиле продавницата на Жито Вардар ноќта помеѓу 18 и 19 октомври 2011 при што однел роба во вредност од 15,6 илјади денари.  Неколку дена подоцна влегол насилно во месарницата на Агрија од каде украл роба во вредност од   44 илјади денари. 

За овие две тешки кражби тој доби казна затвор од една година.  Нив ги сторил заедно со  малолетниот А. Е. од Кавадарци, кому му се суди одделно, како малолетник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »