речник контакт

Започна реконструкција на дел од водоводната мрежа во градот

Ќе обновуваат 2,8 км азбесни цевки,на повеќе улици во вредност oд 9,5 милиони денари

Петар Печков

Започна реконструкцијата  на дел од водоводната мрежа во градот. Таа ќе биде во должина од без малку три километри, на повеќе улици во градот, во различни делови. Се врзи замена на старата азебесна мрежа. 

Проектот кој предвидува реконструкција на водоводните линии започна да се реализира со улицата „Рилски Конгрес”поранешна „Игманска”.   Должината на водоводната линија која се заменува  е во должина од 995 метри.  

По  нејзиното  завршувањето на  од локалната власт најавија дека следни за работа ќе бидат улиците „Гемиџиска”, „Партение Зографски”, „Киро Ќучук”, „Мицко Козар”, „Васил Главинов” и „Благој Ѓорев”.

Вкупната должина на целата мрежа изнесува 2.855 метри. Целиот проект е во вредност од 9,5 милиони денари, средства обезбедени преку Европската инвестициона банка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »