речник контакт

И 18 годишно момче беше вакцинирано во седмицата на имунизација

50 девојчиња од Велес вакцинирани од ХПВ, 12 одбиле. Докторите предупредуваат не наседнувајте на лажните повици од социјалните мрежи

Петар Печков

 Дваесетина деца беа вакцинирани во рамките на акцијата ,, Заштити, спречи, вакцинирај ,,  која  се одржува  девет години. Европската недела на имунизација се одржува  во периодот од 22 до 26 април. Меѓу децата кои беа вакцинирани имаше и едно 18 годишно момче.

Учев во Штип го напуштив школото и не ме вакцинираа, па еве сега ја користам можноста да ја примам оваа вакцина – рече момчето. Тој ја прими последната задолжителна вакцина против тровање. На Рамина имаше бројни деца од 1 до 18 години, кои беа и  здравствено прегледани а потоа и вакцинирани. Тие не посетуваат настава или мигрираат од град во град, немаат постојано место на  живеење.  

Главна цел е вакцинирање на некомплетно вакцинираните деца или тие  што воопшто не се вакцинирани од било која причина. Децата можеби не се евидентирани во матичното, не посетуваат настава.  Тие не се одѕвале на нашите покани за вакцинација па затоа ги бараме на овој  начин, во нивните домови – рече  д-р Пандели Божиков раководител на службата за  вакцинација и имунизација на школски деца во Велес при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Во текот на оваа седмица извршени се редовните вакцини на ХПВ и неа ја примиле 50-тина девојчиња на возраст до 12 години. Додека 12 одбиле, ова било одлука на родителите, кои за тоа потпишале и писмена изјава. Сите се од град Велес, за разлика од руралните средини вклучувајќи ги албанските каде одѕивот на оваа популација е 100 проценти.  40  деца добиле вакцина за  Дитепер  и полио

Велес  има висок процент на вакцинирани деца и со тоа е во врвот на Македонија, се движи од 95 до 98 отсто.  Апелирам од родители да дозволат да се вакцинираат  нивните  деца тоа е задолжително. Вакцините се сигурни и безбедни, досега кај ниту едно дете  не се јавиле никакви проблеми. Нека не наседнуваат на повиците од социјалните мрежи, тоа  се дезинформации и невистини. Како што ние сме  вакцинирани, родителите така и децата треба да  бидат во интерес на нивното здравје – заврши д-р Божиков.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »