речник контакт

Избрани директорите за Економска и Џинот

Јованова доби уште еден мандат во Економска, Давчева нов директор во Џинот

Петар Печков

Мимоза Давчева вработена како психолог во ОУ Јордан  Хаџи  Константинов Џинот е новата директорка на  оваа образовна институција. Градоначалникот Славчо Чадиев по добиениот предлог  од Училишниот одбор  се одлучил за Давчева која е доктор на науки и целиот досегашен работен  век го мина  во училиштето.  

Нада Јованова  досегашниот директор во Средното Економско училиште  Јовче  Тесличков доби втор мандат за оваа функција. Предлогот  на  Училишниот  одбор го потврдил градоначалникот Чадиев  и  дипломираниот економист, магистер  Јованова  останува на оваа  позиција   во следните четири години.  

Според Законската регулатива, во средните училишта Училишниот одбор  испраќа еден кандидат  до градоначалникот, додека  во основните  училиште се испраќаат двајца кандидати а градоначалникот  избира помеѓу нив.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »