речник контакт

Нова зграда на Хабитат во Велес, за семејства со ниски примања (фото)

Ова е радосен момент за 12 семејства, кои претпоставувам по долги години исчекување, перипетии и голготи, денес добиваат свој дом кои ќе им го исполнат животот – рече вицепремиерот Анѓушев

Петар Печков

Хабитат Македонија ја пушти во употреба новата, петта станбена зграда, изградена во населбата Тунел, во Велес. Таа е наменета за семејства со ниски примања и сите 12 стана се купени.  Овој момент им го честиташе вицепремиерот на Владата, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

 Ова е добар пример, како со добра организација  со хуманитарна помош може да се   помогне на социјално ранливите групи.  Ова е радосен момент за 12 семејства, кои претпоставувам по долги години исчекување, перипетии и голготи, денес добивате свој дом кои ќе им  го исполнат животот – рече Анѓушев.  

На предавањето на клучевите од становите беше и претставникот на УАСИД за Македонија.   За десет години работа  на Хабитат Македонија во Велес изградени се пет згради а веќе е започната , удрени се темелите на шестата, од 11-те кои се планирани да се изградат на овој простор. 

Оваа зграда не е така голема со 12 стана и 750 м2 корисна површина. Меѓутоа нејзиното значење за семејствата, заедницата и  Општина Велес е големо затоа што е  градена со донации од корпорации претежно од САД, поединци , волонтерски  труд на повеќе од 1,4 илјади  волонтери најмногу од САД кои  овде во Велес, на овој простор потрошиле 10 илјади работни денови  за изградба на овие пет згради. Тоа е најголемото значење. Така се огледа општествената одговорност на корпоративниот сектор во САД кон заедници,кои имаат потреба и се далеку од САД . Одговорноста на поединци од цел свет кои волонтираат во овие згради туку и донираат лични средства за изградба на зградите – рече Зоран Костов  извршен директор на Хабитат Македонија.

Градоначалникот на Велес пак најави дека конечно по пет години летово ќе ги завршат асфалтирањето  на двете улици, за кои комуналиите се платени одамна  а овој период им дојде редот за бидат завршени. 

 Освен што ќе ги завршиме улиците, ќе изградиме и забавен парк за деца, оти повеќето станари се млади.  Ќе се работи два –три месеци по  што во оваа населба нема да има неасфалтирани улици -  изјави Чадиев.

Меѓу 12 станари кои ги добија клучевите беше и семејството  Кочевски. Сопругот и татко Миле е вработен во Штип.

Си го решивме станбеното прашање, живеевме со моите досега. Ова е среќен момент за сите нас, мене, сопругата, двете деца. Одиме напред задоволни сме условите . Ова е нов почеток за сите нас – рече Миле Кочевски.

 Младиот Ивица Јовановски заедно со сопругата Сања купија стан, и нема повеќе да бидат потстанари во Велес.
Ова за мене  и сопругата е  среќа. Започнуваме нова страница во животот, презадоволен сум од условите за купување, од квалитетот  - порача Ивица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »