речник контакт

Повреденото куче Ото се подготвува на пат за Франција

Има повеќе повредени и претепани бездомни животни отколку што младите волонтери од Гласот на животните можат да им помогнат

Петар Печков

Откако лани го вдомија Наполеон, годинава младите велешки љубители на бездомните животни од Здружението ,,Гласот на животните,,  работат да обезбедат средства за  пат  за кучето Ото.   Тоа беше пронајдено во населбата Отовица претепано, со повреден р`бет, неподвижно со задните нозе.

Младите со помош на дел од жителите на населбата му обезбедија дом, храна и  количка па Ото започна повторно  да се движи. Му најдоа и дом во Франција. Сега собираат средства за да го платат авионскиот билет и патот.  Но без ронка сомнеж, смело велат и тоа ќе го решат а Ото ќе замине во новиот дом, како што тоа лани го сторија со Наполеон. Кучето кое немаше една ноgа, беше повредено го згрижија во САД.

За патот на Ото потребни се 600 евра, имаме собрани  половина. Низ разни форми собираме средства за да го испратиме во Франција. Имаме големи трошоци, оти има повеќе повредени и претепани бездомни животни отколку што ние можеме да им помогнеме.  Ние сме само петнаесетина луѓе кои веруваат во својот сон, дека ќе го променат животот на животните. Не сме фенси здружение со свои шелтери и редовни спонзорства. но сме група на луѓе кои со огромна страст го посветуваме својот живот во спасувањето на друг живот, кој некому му е безначаен.Подготвени сме да соочиме со секој предизвик кој ќе ни го подготви нечовечноста на луѓето – додава Меги Ѓоргиева претседател на здружението.

Колку се посветени на животот на бездомните животни, покажува и неодамнешната епизода, кога ненаселена празна куќа во центарот на градот падна при што поклопи куче. Младите од здружението повикаа пожарникари, тие дојдоа и го спасија. При тоа  констатира дека кучето е повредени по што имаат нова обврска да се грижат за него во наредниот период.  Иако челните на здружението се млади  со свои 20  и помалку години, храбро на нејаките плеќи го носат товарот на проблемот со бездомните животни во Велес.

Донaциите можете да ги испратите на:
ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »