речник контакт

Трет зависник во Велес почина за половина година

Зоран Банев е пронајден во кругот на Болницата каде лежел мртов неколку дена

Петар Печков

Велешанец беше пронајден мртов во кругот на болницата, откако неколку дена лежел починат. Зоран Банев (29 год) бил регистриран зависник и корисник на метадонска терапија во Дневниот центар    при ЈЗУ Општа Болница Велес. Се претпоставува дека Банев бил починат четири дена, бидејќи телото  во лоша состојба.

Најден е труп, на периферијата од Болницата на лице  кое е нарко зависник. Телото го пронашол негов другар, пријател исто така пациент и зависник. Последен пат починатиот бил во Дневниот центар на 11 јули, четврток заради  примање на редовна метадонска терапија а пронајден е во понеделникот  околу 10,30 часот. Местото каде е пронајден е недостапно и  скриено од обезбедувањето на институцијата  – изјави д-р Силвана Мишкова портпарол на велешката Болница.  

Увид на местото каде е пронајден Банев извршиле истражен судија, обвинител и СВР Велес а телото е дадено на  обдукција. Неговите блиски  велат дека тој започнал со  користење на опијати откако пред неколку години неговиот брат настрадал во сообраќајка, за потоа да стане и зависник.  Ова е трет  смртен случај годинава  на пациент од Дневниот центар за зависници во Велес.  од Велешката Болница и натаму инсистираат на дислокација на Дневниот центар од зградата каде се га се наоѓа, сместен е во дел од Нервното одделение.

Иако болничките раководство инсистираат Дневниот центар да се дислоцира од  сегашните простории, тоа не е случено. Реагираме оти освен што тука доаѓаат болни, попречува во работата   на персоналот,  во близина на 30 метри е Основно училиште. Имаме технички пречки кои ги создаваат пациентите на Дневниот центар , затоа се бара негова дислокација – вели др.  Мишкова.

Во близината од овој центар, паркот околу е преполн со  ампули, шприцови, игли кои ги користат зависниците. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »