речник контакт

Тројца разбојници го извршиле вооружениот грабеж во Велес

Мозокот на разбојништвото во бегство. Еден од двајцата сторителите кој е уапсен, е во бегство од затвор Идризово каде издржувал казна

Петар Печков

Три лица биле вклучени во вооружениот  грабеж на возило од обезбедување кое  превезувало пари. Велешката полиција  ги фати двете лица Ќ.А. ( 26 год) и А.К.  ( 20 год) и двајцата од Скопје    и против нив  СВР Велес поднесе кривични пријави за разбојништво, исто како и за   Д.С. ( 34 год) од велешко Бузалково, кој е осомничен и за помагање во извршување дело, додека  Ќ.А. за недозволено држење на оружје.

Двајцата скопјани се наоѓаат пред истражен судија додека ,,мозокот,, на операцијата  Д.С. е во бегство. При оружениот грабеж од страна на разбојниците биле  одземени 4 милиони денари, пари на експозитурата на Стопанска Банка Велес. Истите се најдени и вратени на банката. Целата операција, која била  по налог на Д.С. е спроведена како во филмовите..      

Трите пријавени лица утрото на 8 февруари, се сретнале во близина на Спомен Костурница во Велес и направиле договор за поделба на улогите при извршување на кривичното дело, за што Д.С им давал совети и упатства на останатите две пријавени лица. Околу 12,20 ч. тој се наоѓал пред Стопанска банка во Велес, телефонски ги известил  Ќ.А и  А.К.  дека возилото на агенцијата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“со кое се пренесуваат пари од Стопанска банка тргнало од банката.  Разбојниците  биле  на автобуската постојка на улица „Алексо Демниевски“ наспроти „Пензионерскиот Дом“ во Велес , кога го забележале возилото ,  застанале пред него на пешачкиот премин. Ќ.А. извадил пиштол марка „Валтер“ и го вперил кон совозачот,  а на возачот му се заканил да не вози. Истовремено А.К.  со рачката од  пиштол- плашливец го скршил задното ветробранско стакло на возилото и  земал четири касети со пари. Потоа   двајцата разбојници  заедно трчајќи се упатиле кон нивното возило „рено еспејс“ кое било паркирано во градскиот парк. Го стартувале возилото и се упатиле кон излезот од Градскиот парк, но по кратко возилото застанало,  не можеле повторно да го стартуваат го напуштиле и избегале кон напуштена куќа лоцирана во близина, каде се сокриле. Кутиите со пари ги оставиле во возилото. Полицијата  ги пронајде а двете осомничени лица се лишени од слобода од куќата каде се криеле - го опиша настанот Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.  

Со стореното разбојништво, пријавените и нанеле материјална штетата на Стопанска банка АД -Скопје од 4 милиони  денари. Ќ.А како осомничен сторител на разбојништвото се води за бегство од затвор Идризово од каде е избеган на 18 јануари годинава.

Таму издржувал казна  затвор од 5 години а  му останало да одлежи уште е дна година.  Затворска казна има одлежано и  Д.С додека на А.К му биле изречени воспитни мерки. Полицијата најавува дека презема мерки да го пронајде  Д.С, како главен  идеолог на грабежот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »