речник контакт

Ќе одат ли велешките деца на климатска рехабилитација годинава

Детското одмаралиште Пелистер не работи. Од Министерството за животна средина уверуваат дека децата ќе одат на рехабилитација, без оглед каде

Петар Печков

Годинава по 15-ти пат велешките деца, требаше летово да заминат на климатска рехабилитација на Пелистер. Четиринаест години наназад,  стотина деца, поради загаденоста на градот заминуваа на ова планиско одмаралиште.

Годинава тоа не работи, така што  кај родителите на децата, кои го користеа  овој бенефит се јави дилема, дали и каде ќе одат најмладите велешани.

Мојата керќа неколку години, оди на оваа климатска рехабилитација. И морам да признаам дека потоа одлично се чувстуваште и нема здравстени проблеми со дишните патишта. Годинава знаеме дека одмаралиштето не работело, па сме во дилема дали и каде ќе одат децата - вели родител на 13 годишно девојче од градот.  

Со години наназад 150 деца од Велес, од школска возраст заминуваа на Пелистер преку невладината ,,Друштво на родители за грижа за здраво поколение,,  на седумдневна рехабилитација, за која плаќаа по 3.300 денари.  Од Министерството за животна средина, уверуваат дека тоа  и годинава ќе се случи, само можеби на друга  локација.

Ако  детското одмаралиште на Пелистер  во текот на летото не работи, децата од Велес сигурно ќе одат на друго место. За оваа намена имаме предвидено и одобрено средства од Буџетот. Затоа ќе побараме преку тендер, ново одмаралиште и децата сигурно ќе одат на климатска рехабилитација - изјавија од Министерството за животна средина.

Освен од Велес, на воздушна бања одеа и деца  од загадените средини на Осломеј - Кичевско,  Миладиновци -Општина Илинден и Возарци - Кавадаречко. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »