речник контакт

Велешките планинари го освоија Балканот

Тројца велешани годинава се искачија на четирите највисоки врвови на Балканот, изминатиот викенд беа на Вихрен во Бугарија

Петар Печков

Изминатиот викенд Малинов Марјан, Николовски Иле, Брлев Марио, Ѓорѓиев Тоше, Велески Александар и Ангелов Никола беа на Пирин Планина и се искачија на Вихрен 2914м, тоа е третиот по висина врв на Балканот.

При ова  освен Вирхен беа искачени врвовите  Кутело1 – 2908м нмв Кутело2 – 2906м нмв и Бански суводол 2884м нмв. Со ова искачување, дел од екипата Малинов Марјан, Николовски Иле, Брлев Марио од Велес  оваа година ги искачи четирите највисоки врвови на Балканот:

1.    Мусала на Рила(Бугарија) со 2925м нмв во Јануари
2.    Митикас на Олимп(Грција) со 2918м нмв во Јуни
3.    Вихрен на Пирин (Бугарија) со 2914м нмв во Септември
4.    Сколио на Олимп(Грција) со 2912м нмв во Јуни

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »