речник контакт

Два дена пешачење по Даутица (фото)

Стотина учесници уживаа во убавините на пролетта и природата, во Азот

Петар Печков

Изминатиот викенд стотина  учесници беа дел од маршот низ Азот и посета  на Богомила, Нежилово, Капиново и Папрадиште.  Овој традиционален марш низ срцевината на АЗОТ  беше во должина од 15 км. или  6 часа одење со две подолги паузи. На маршот учествувале гости од Велес, Скопје и Штип. Тие преноќиле во Планинарскиот дом Папардиште.  

Почетна станица беше Богомила (500мнв), највисока точка Капиновски преслап (1100),Нежилово(700) со крајна цел Папрадиште(1000). Најмладите двајца учесници беа осумгодишните Иван и Никола.Ова беше  средно лесна тура идеална за фотографирање и за мотивација - велат организаторите од Планинарскиот дом Папрадиште.  

 Во недела на 17 април е помала група  планинари во 4.30 часот заминале и  се искачиле  на Солунска глава преку Чеплес, а 25 луѓе   пешачеле до Куртовица(1700) а некои од нив  го искачиле како  што објаснвуаат  ,,невозможно убавиот врв Даутица,,(2178). 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »