речник контакт

Две и пол години затвор оти украл 10 автомобили да се повози

Во овие десет обиди Мејсур Зеќиров седум пати одзел автомобил марка тико, и по еднаш голф, фиќо и застава 128.

Петар Печков

 Мејсур Зеќиров ( 41 год) од Велес доби две и пол години затвор затоа што  за две седмици одзел  десет автомобили,   ги возел па ги оставил.  Тој во периодот од 6-ти до 21-ви  октомври 2011 во десет наврати  одзел туѓи патнички возила, сопственост на различни оштетени, со намера да ги употреби за возење. Откако ги возел, кога им снемувало гориво, ги оставал  автомобилите на различни делови од градот, некои и  во поблиската околина на Велес. 

Во овие десет обиди седум пати  одзел автомобил  марка тико,   и по еднаш голф, фиќо и застава 128. Во други  пет други случаи тој од пет автомобили одзел   2 акумулатори 2, цд плеери,  и еден радио касетофон.  За овие дела Зеќиров  е осуден за тешка кражба и одземање моторни возила, за што доби единствена казна од 2,5 години затвор.  Тој е осуден за други дела и се наоѓа на издржување казна затвор во Идризово.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »