речник контакт

Десет дена шестотини жители на село Караслари се без вода за пиење

Трета година по ред во овој период, жителите на Караслари со денови немаат вода

Петар Печков

  Десет дена жителите на велешкото село Караслари се без вода за пиење откако секнаа домашните чешми. ЈКП Дервен им дистрибуира вода со цистерна. Така ќе биде се додека не се реши проблемот со водоснабдувањето на шестотини жители од селото, кое се наоѓа близу автопатот Табановци- Гевгелија, непосредно до мостот на реката Вардар кај Велес.

Тие се исклучени од мрежата поради тоа што водоводниот систем нема струја. Работите околу изградбата на трафостаница која ќе снабдува со вода заглавила, па сега селаните  се без вода за пиење.

Срамота е на ова време да немаме вода, децата ќе се изразболат. Колку пати сме реагирале до надлежните во општината но работите не се поместуваат. Требаше да се постави нова трафостаница за нашиот водоводен систем, оти таа на која сега  сме вклучени е приватна сопственост. Сопственикот даде шест месеци рок, селото да добие своја за да бидеме сами. Поради тоа во договор со општината требаше да се изгради нова трафостаница, уште лани. Една година мина  станица нема, па струјата е исклучена  иако ние редовно ја плаќаме водата и сега домашните чешми се суви. Се враќаме од земјоделски работи не можеме да се избањаме  – велат жителите од селото Караслари.

Овој нивен проблем со секнување на чешмите се јавува трета година по ред  во овој дел од годината. ЈКП Дервен  го презема водоводниот систем на селото кој е изграден со самопридонес во 1985-тата.  Тој наплаќа, жителите редовно  ги подмируваат сметките, но вода немаат.

Трафостаницата е набавена и работа е закочена оти се чека електро –енергетска согласност од ЕВН, за да можеме да ја  поставиме и  приклучиме на мрежата велат од општина Велес. Водовод имаат само жителите на Долно Караслари, додека стотината од Горно Караслари  со магариња носат вода од селската чешма. Како и пред еден век.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »