речник контакт

Десет месеци затвор оти го натепал синот со мотка и тој завршил во болница

Синот поради тежината на повредата на главата завршил на Клинички во Скопје а пред судот барал татко му да се ослободи

Петар Печков

Велешанецот Ружди Јашаров доби десет месеци затвор оти го нокаутирал синот.  Настанот се случил на 11 јануари  минатата година околу 16,00 часот во  семејната продавницата, при  семејно насилство  кога обвинетиот тешко телесно го повредил неговиот син Е. Ј ( 29 год) . 

Синот влегол во продавницата каде што неговиот татко со друштвото  консумирале алкохол по што започнале кавга. Обвинетиот земал дрво кое го нашол во близина и го удрил во пределот на главата. Од  ударот синот паднал на земја при тоа се здобил со и тешка телесна повреда  на главата, поради што морал итно да биде пренесен на лекување во Скопје.

Обвинетиот таткото  Јашаров  за кривично дело тешка телесна  во Основниот суд  Велес беше прогласен за виновен и доби десет месеци затвор и покрај тоа што синот се повлекол од тужбата и барал татко му да биде ослободен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »