речник контакт

Женската екипа на ФК Борец во борбата за титула

Машката екипа на Борец победи и во Обршани

Петар Печков

 Во саботата на Градскиот стадион во Велес се доигра дерби натпревар од Првата лига во женскиот фудбал.   Домаќинките победија  Борец – Билјанини извори 2:1. Со овој резултат велешани влегоа во борбата за првото место со екипата на Единство и Билјанини извори, сите три екипи  се со по 37 бодови по 15 одиграни кола. До крајот има уште три кола а се игра и дербито Единство  - Билјанини извори во Скопје. Ако заврши нерешено а велешанки победат на сите останати средби, тие ќе бидат прваци.Ако во дербито  победи Единство  или Билјанини извори, тие се освојувачи на титулата

Во Третата лига Југ победа за машката екипа на Борец во Обршани- прилепско  против Партизан -  Борец 0:3. Со ова продолжува победничката серија на велешките фудбалери во овој ранг. Тие се први и ќе играат во баражот за пополнување на Втората лига.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »