речник контакт

Зошто Анѓушев не ги прими ордените на МПЦ

Вицепремиерот Анѓушев и премиерот Заев беа во Велес ама не дојдоа на осветувањето на црквата

Петар Печков

Наместо на осветување на црквата Св. Кирил  и  Методиј во Велес каде биле поканети, премиерот Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев биле во посета на фабриката ,,Брако,,.  

Иако поканети тие не дојдоа на овој свечен чин каде пак присуствуваше лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Никола  Груевски со сопругата Боркица.  Претставник на Повардарска Епархија МПЦ -ОП потврди за ТрМр дека биле испратени покани и добиле потврда дека Заев  и Анѓушев  ќе присустуваат, но во  последен момент се откажале. 

Јас верувам во секуларноста на државата, одвоеноста  на црквата од неа.  Кога донирав, не претпоставував дека ќе бидам дел од Владата,  што сега се случи.  Јас го дадов затоа што верувам во Бога и така чувствувам. Не сакам да се сликам   по медиуми а во црква а ќе одам кога ќе почувствувам и кога јас сакам. Затоа и замерувам  на црквата што од осветувањето  направи политички настан, маркетинг – рече  изјави  Кочо Анѓушев.  

Така наместо  Кочо Анѓушев кој доби два ордени од МПЦ и Повардарската Епархија оти со 240 илјади евра го финансираше фрескоживописувањето на црквата, нив ги прими неговиот брат.  

Ордени добија и екс градоначалниците на Велес Аце Коцевски, Горан Петров и актуелниот Славчо Чадиев.  
Започна  да се гради на 1-ви јуни  2006-тата и по 11 години таа е ставена во  функција. По век и половина Велес доби монументален храм

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »