речник контакт

Изложбата за Ана Франк во Велес

Отворена е по повод Меѓународниот ден на холокаустот - 27 Јануари

Петар Печков

,,Ана Франк лекции за денес,, изложба на документи и фотографии  е отворена во Велес.   Тие се поставени на 39 панели, 32 се за животот на малото еврејско девојче а 7 се за животот на Евреите во Македонија.   Отворањето се совпадна со 27-ми јануари Меѓународниот ден на холокаустот.

Цел да ги запознае младите , средношколците  за живото на Ана Франк преку записите од дневникот кој ги има напишано на нивна возраст.  На овој начин сакаме младите да ги запознаеме со дискриминацијата, расизмот,  антисемитизмот и борбата  со предрасудите и  стереотипите. Младите да не судат по потеклото,  изгледот или  било која друга основа    Овој проект е регионален и освен во Македонија се преставува и во Србија, БиХ и Хрватска  - изјави Димитар Низамовски од Младински образовен форум.

Изложбата е поставена во простор на средното училиште ,,Коле Неделковски,, .   Ученици од ова училиште се  презентери на поставката.

Учениците кои беа вклучени во обуката, беа едуцирани од страна на лицата кои се ангажирани во изработката на изложбата. Меѓу врсничката едукација два повеќе резултати, има поголем ефект.    Изложбата е отворена за сите граѓани, влезот е бесплатен – изјави Весна Стојанова Богоевска координатор на проектот во Велес.  

Материјалите поставени на изложбата се креирани од фондацијата ,,Ана франк,, од Холандија додека за македонскиот дел автори се двајца историчари   проф. др. Мишо  Догмановиќ и проф. др.  Бесник Емини.  Изложба ќе биде поставена една седмица до   3-ти февруари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »