речник контакт

Интернатот набави 7 лап топи

Наесен таму ќе се запишат 221 ученик

Петар Печков

Изминатите денови  ОУД Лазар Лазаревски набави нови лап топи. Купени од сопствени средства,  по пат на тендер, набавени  се  седум вакви средства, кои ќе им служат на  учениците кои живеат во Интернатот, за полесно следење на наставата и учење.  

 Со реализацијата на овој проект придонесуваме за современо и квалитетно образование, а секако, се подобруваат и условите на учениците сместени во ОУД„Лазар Лазаревски“ Велес- објаснвуаат од  овој ученички дом.

 Министерството за образование веќе го распиша и конкурсот за упис на ученици за следната есен. Има 221 слободно место и тоа  во прва година 43, во втора 74, во трета 53 и во четврта 51 кревет.  Приоритет при прием на ученици ќе имаат ученици запишани во I, II или III година во експерименталната програма за фудбал, или ракомет,  Првиот уписен рок, е  од 26 јуни година до 6 јули  година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »